Centar.mk
фото Centar.mk (c) /Илустрација
БИЗНИС

Даночната управа во БиХ објави изненадувачки податоци за бојкотот: прометот поголем од вообичаеното

Бојкотот на продавниците организиран на последниот ден од јануари во Босна и Херцеговина во знак на протест против високите цени, според податоците на Даночната управа, не ги даде очекуваните резултати, а организаторите на акцијата најавуваат нови подолгорочни мерки.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека прометот во продавниците на 31 јануари бил еднаков или дури поголем од претходните денови. Според податоците на Даночната управа на Босна и Херцеговина, продавниците оствариле промет од 52,1 милиона евра, што е уште повеќе од претходниот ден кога изнесувал 51,9 милион, а значително повеќе од пред една недела кога прометот бил 47,2 милиони евра.

И покрај неочекуваната статистика, организаторите на бојкотот не се откажуваат и најавуваат нови подолгорочни акции, кои имаат цел да ги притиснат трговските синџири да ги намалат цените и да обезбедат пофер услови за потрошувачите. Планиран е повеќедневен бојкот, како и промовирање алтернативни форми на купување производи директно од производителите и локалните трговци на мало. Така, за работните денови од понеделник до петок, 6 февруари, организаторите ги повикаа граѓаните да ги намалат набавките, а в петок, 7 февруари, и в сабота, 8 февруари, повикуваат на тотален бојкот на продавниците./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК