Centar.mk
фото Centar.mk (c) /Илустрација
БИЗНИС

Еве за колку се намалил прометот во големите маркети за време на бојкотот

Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година, соопшти УЈП.

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.
Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари.
Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари.

Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%.

Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%.

УЈП ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.

Можеби ќе ве интересира

Падна одлука во РКЕ – Поскапува дизелот, бензинот останува со иста цена

ДЕСК

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи, откако Трамп ги одложи нападите врз Иран

ДЕСК

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари

ДЕСК