Centar.mk
РЕГИОН

Брнабиќ: Подготвена сум да одам да разговарам со студентите

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека е подготвена да оди кај студентите и да разговара со нив нагласувајќи дека тоа е нејзина должност и обврска.

„Во овој момент клучниот проблем за мене е што Законот за високото образование не се спроведува во оваа земја повеќе од два и пол месеца, практично некој реши да го суспендира. И тоа е огромен проблем“, рече Брнабиќ одговарајќи на прашањето дали е подготвена да оди кај студентите.

Брнабиќ смета и дека одржувањето нови избори би било демократско решение за актуелната ситуација во земјата додавајќи дека српската парламентарна опозиција нема легитимитет.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка поради студентските и граѓанските протести, кои траат речиси три месеци барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад кога се урна натстрешникот на железничката станица, при што загинаа 15 лица луѓе./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +