Centar.mk
СВЕТ

„Авионот е преполовен, хеликоптерот главно недопрен“: трае потрагата по преживеаните

Во тек е многу сложена операција за пребарување по преживеаните и по телата на загинатите кога патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Температурите може да се спуштат до -10 степени во текот на ноќта, јавува Би-би-си. Температурата на водата е на точка на замрзнување.

Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром „Роналд Реган Вашингтон“ кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „блек хок“, во кој се наоѓале тројца војници.

Двете летала паднале во реката Потомак, а по ударот, авионот се скршил на делови. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе.

„Условите се исклучително тешки за спасувачите. Многу е студено и ветровито“, изјави шефот на противпожарната служба во Вашингтон, Џон Донели, на прес-конференција.

„Хеликоптерот е превртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен“.
Новинарот на Си-би-ес, Крис ван Клив, рече дека човечки останки и остатоци од авион дошле на страната на Вирџинија на реката Потомак.

Тој додаде дека авионот се скршил на половина и дека нуркачките тимови имале пристап до кабината и пронашле една црна кутија. Тој исто така објави дека хеликоптерот бил превртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +