Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрово најстудено во Берово

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола, 0 во Струмица и Крива Паланка, 1 во Прилеп и Попова Шапка, 2 во Штип, 3 во Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, Лазарополе и Куманово, 4 во Тетово, 5 во Велес, Маврови Анови и Крушево, 6 во Скопје-Зајчев Рид, 7 во Охрид и Претор, 8 во Демир Капија, Гевгелија и Дебар.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 34 санитиметри на Попова Шапка и 23 во Маврови Анови.

Времето денеска

Променливо облачно, претпладне по котлините магливо и со ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови, каде ќе има услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне магливо и претежно тивко. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК