Centar.mk
СВЕТ

Израелските војници во Газа убија Израелец: „По грешка бил идентификуван како закана“

Возач на булдожер кој работел за израелското Министерство за одбрана е убиен вчера во централниот дел на Појасот Газа, соопшти израелската војска (ИДФ).

Убиен е Џејкоб (Коби) Авитан (39) од Еилат. Тој бил ангажиран да користи багер за да ги урива зградите лоцирани во коридорот низ кој израелската армија ја подели Газа на два дела.

Израелското Министерство за одбрана регрутираше бројни цивили со градежно искуство за задачи за уривање во Газа во екот на војната, со цел да ги ослободи единиците на ИДФ.

ИДФ објави дека, според првите резултати од прелиминарната истрага, изведувачот пристигнал во цивилна облека на воена станица во Газа, во област каде што сè уште се распоредени израелски војници. Потоа, според ИДФ, тој по грешка бил идентификуван како закана.

Војник кој го чувал влезот на воената станица го застрелал и го убил Авитан.

Воената полиција на ИДФ започна истрага./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

C +

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

C +

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евра од тројца пензионери со приказна за итна операција

C +