Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Не сум 100 отсто сигурен дека не смеам да се кандидирам за трет мандат

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат.

„Собрав многу пари за следните избори, кои претпоставувам дека не можам да ги искористам за себе, но не сум 100 отсто сигурен“, рече Трамп на вечерата со републиканските членови на Претставничкиот дом на Флорида.

Трамп го праша претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон: „Не сум сигурен дали можам повторно да се кандидирам, Мајк? Подобро да не те вовлекувам во тоа“.

Ова не е првпат Трамп да алудира на можноста за трет мандат. На неодамнешниот митинг во Лас Вегас, Невада, тој изјави: „Би било најголема чест во мојот живот да служам не еднаш, туку двапати или трипати“, дополнително подгревајќи ги шпекулациите за неговите идни политички планови.

Републиканскиот претставник Енди Оглс од Тенеси претходно предложи измена на Уставот на САД за да му се овозможи на Трамп трет мандат. Сепак, измената на Уставот е исклучително сложен процес. За формален предлог потребно е двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот – што републиканците во моментот го немаат – или свикување уставна конвенција, што не се случило од 18 век. За ратификација е потребно одобрение од три четвртини од сојузните држави или 38 држави.

Во САД претседателот може да се кандидира најмногу за два мандата. Ова е предвидено со 22. амандман на Уставот на САД, кој беше усвоен во 1951 година. Според тој амандман, ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од двапати или вкупно осум години./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК

НОВИ РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА – Оштетена зграда на нафтениот гигант „Арамко“

ДЕСК