Centar.mk
СВЕТ

Милијардер потврден како министер за финансии на Трамп, го поддржаа и многу демократи

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии давајќи му на милијардерот и менаџер на хеџ фондовите централна улога во обликувањето на политичките амбиции на новата администрација на Доналд Трамп да ги намали даноците и трошоците и да управува со економските односи.

Номинацијата на Бесент беше поддржана од 68 члена на Сенатот, вклучително и 16 демократи, а против беа 29.

Бесент (62) веќе се појави како силен поборник за економската агенда на Трамп, која се фокусира на даночните намалувања и наметнувањето високи царини за кои демократите и некои економисти велат дека би можеле да го забават напредокот што Федералните резерви го постигнаа во ставањето на инфлацијата под контрола.

Тој ги отфрли тврдењата дека политиката на Трамп ќе предизвика инфлација и рече дека напорите на администрацијата да го зголеми производството на нафта ќе доведат до пониски цени. Како највисок економски функционер на Трамп, Бесент ќе се соочи со голем број предизвици, вклучително и управување со протокот на федерални пари откога владата го достигна плафонот на долгот вториот ден по преземањето на Трамп на функцијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК

НОВИ РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА – Оштетена зграда на нафтениот гигант „Арамко“

ДЕСК