Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Сеќавањето на холокаустот избледува, мора да спречиме заборавање

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот изјави дека ова злосторство никогаш не смее да се заборави и никогаш да не се повтори.

„Тоа беше намерен обид на нацистите да избришат цел народ, да ги убијат сите негови членови, да уништат се што не потсетува на Евреи. Шест милиони жртви. Злосторството на холокаустот никогаш не смее да се повтори, но постепено, за жал, сеќавањето на холокаустот бледнее, а злото што се обидува да ги уништи животите на цели народи сè уште останува во светот“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој нагласи дека рамнодушноста е „ѓубриво за злото“ и дека е неопходно „да се надмине омразата што раѓа насилство и убиства“.

За време на Втората светска војна, шест милиони Евреи станаа жртви на нацистичката политика насочена кон елиминирање на оние што се сметаат за „закана“ или „инфериорни“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги засилува нападите врз Либан: Повеќе од 30 загинати и десетици повредени

C +

Руски гувернер: Украина го нападна Севастопол со ракети „Storm Shadow“

C +

Туристка поднела тужба против хотел во Италија: ѝ наплаќале седум евра за вода, а не ѝ давале од чешма – судот пресуди

C +