Centar.mk
СВЕТ

Трамп објасни како планира да ја притисне Русија да почне мировни преговори со Украина

Цените на нафтата значително паднаа на светските берзи минатата недела, по четири недели раст, бидејќи американскиот претседател побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари.

Доналд Трамп во своето обраќање пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос, рече дека побарал од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ја намали цената на нафтата за да им наштети на руските финансии и со тоа да ја притисне Русија да започне мировни преговори со Украина.

Трамп претходно изјави дека неговата цел е да го зголеми домашното производство на нафта, а истовремено да го забрза издавањето дозволи за нови проекти./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО СИБИР – Пријавена авионска несреќа со руски воен транспортен авион и 17 загинати

ДЕСК

СЕРИОЗЕН ПРЕКИН ВО ТАЈНАТА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА НА АМЕРИКАНСКАТА НСА – Вработените пристигнуваат во различни термини, засега нема докази за кибернапад

ДЕСК

ПО 26 ГОДИНИ СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ВО САД – Малите сипаници повторно голем проблем

ДЕСК