Centar.mk
СВЕТ

Раселените Палестинци почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа

Илјадници раселени Палестинци утринава почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи на Хамас.

„Раселените Палестинци почнаа да минуваат низ западниот дел на контролниот пункт Нецарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот Газа“, изјави за AFP неименуван палестински функционер.

Голем број Палестинци се собраа за време на викендот, чекајќи да поминат низ седумкилометарскиот контролен пункт контролиран од Израел кој го отсекува северниот дел на Појасот Газа од останатата територија.

Израел ги спречи Палестинците да минуваат откако Хамас не ослободи заложник, а потоа беше постигнат договор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот

C +

Куба остана без дизел и нафта за греење, струја нема до 20 часа на ден

C +

Валш: Поскапите авионски билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на цените на горивата

C +