Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За хаосот на Онкологија мора да има одговорност од директорите на Клиниката, Клековски и Таравари

-Поради катастрофалниот недостиг на лекови на Онкологија се загрозени човечки животи, кои директно зависат од терапија која што власта не ја обезбедила, велат од СДСМ.

„Изговори или оправдувања се неприфатливи кога станува збор за човечки животи и за хаосот на Онкологија мора да има одговорност.

Директорите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и министерот за здравство, Арбен Таравари мора да поднесат оставки и да се повлечат.

Нивната неспособност е животно загрозувачка.

Воопшто не бил преземен соодветен план и не биле навремено набавени лековите, не бил направен систем, не бил направен регистар, ништо не направено а пациентите се оставени да страдаат. Дури и сега, власта сака да го решава проблемот со донации додека најавува купување на авион. Срамно, неодговорно и тажно.

Хуманитарната катастрофа на Онкологија е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт и за тоа мора да има одговорност.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК