11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија ја зајакнува безбедност, 497 нови полицајци ќе го штитат редот во државата

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска беше одржана свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025, кои се приклучуваат на силите што го штитат редот и безбедноста на Македонија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја поздрави новата генерација, нагласувајќи дека оваа година МВР добива 497 нови полициски службеници, „синови и ќерки на Македонија“, кои ќе ги штитат граѓаните и ќе работат на заштита на безбедноста.

„Полициската професија не е само избор, туку и повик“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека оваа генерација ќе продолжи да работи на унапредување на безбедносниот систем и создавање на современа, стручна и професионална полиција. Тошковски истакна и дека МВР ќе продолжи да инвестира во нови полициски станици, возен парк и модерни униформи, како и во зголемување на примањата на вработените.

Помошник министерот за Центарот за обука, Влатко Митковски, ги пофали новите полициски службеници и им порача дека станувањето полицаец е не само професија, туку и одговорност.

„Носејќи ја полициската униформа, станувате дел од големо полициско семејство“, истакна Митковски.

На крајот од церемонијата беа доделени благодарници и пофалници за најдобрите кандидати од новата генерација./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +
error: Соддржината е заштитена.