Тинејџер од Романија е избоден до смрт во Германија во брутален напад на група Сиријци. Л. О. (18) од Романија синоќа бил нападнат, а полицијата уапсила тројца сириски државјани.
Нападот се случил во градот Шверте во Северна Рајна-Вестфалија. Л. О. бил прободен повеќепати по што паднал во крв на асфалтот. Екипите на итната помош набргу пристигнале на местото на настанот.
Според „Билд“, нападот го извршиле Сиријци, од кои најмладиот има само 15 години. Уапсени се Ахмад Ал Т. (26), Сулејман А. (24) и Махмуд А. (15) откога по нападот се обиделе да побегнат. Обвинителството обвинува тројца Сиријци за обид за убиство.
Според неофицијални информации, станува збор за одмазднички напад. Наводно, претходно истата вечер избувнала расправија во која било нападнато 15-годишно момче од Сирија. Полицијата ги истражува овие наводи. „Билд“ пренесува дека Сиријците го бркале младиот Романец, а потоа го избоделе со нож.
Л. О. со хеликоптер бил пренесен во болница, каде што лекарите се борат за неговиот живот. На местото на настанот била и мајка му, а случајните минувачи ја смирувале. Не е познато дали жената била сведок на нападот./Извор:Makfax