Centar.mk
СВЕТ

Серија земјотреси во Грција

Неколку послаби земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта и утрово го погодија подрачјето на јужна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Епицентарот на овој земјотрес, кој се случи утринава во 7 часот и 22 минути, се наоѓа на девет километри од Захар и 93 километри од Патра на длабочина од шест километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Нападите меѓу САД, Израел и Иран се интензивираат

ДЕСК

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +