Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, утре максималната температура од 8 до 16 степени

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Времето во наредните денови

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Какво ќе биде времето на новогодишната ноќ?

ДЕСК

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК