Centar.mk
РЕГИОН

Нови случаи на африканска свинска чума во БиХ

Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство во БиХ извести за појава на африканска свинска чума во Босна и Херцеговина.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, БиХ вчера преку системот за известување за болести на Европската комисија пријавила појава на африканска свинска чума кај чуваните свињи во општина Бјелина во Република Српска.

Во текот на 2025 година во БиХ се забележани три избивања на африканска свинска чума кај домашните свињи и два случаи кај дивите свињи, додека во Република Србија има повеќекратни појави на болеста кај домашните и дивите свињи.

Министерството ги повика сите субјекти, односно одгледувачите на свињи, да продолжат да се придржуваат до мерките за биосигурност и континуирано да се стремат првенствено да ги заштитат своите фарми од внесување на вирусот, а со тоа да го спречат неговото потенцијално натамошно ширење на други фарми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +