Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МП: Хрватска е наш партнер за реформите во правосудството

Средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, е од клучно значење за нашите напори за реформа на правосудниот систем, како и за борбата против криминалот и корупцијата, рекоа од Министерство за правда.

Реформите во правосудството, измените на Кривичниот законик и на Законот за Судски совет кои ги планираме се суштински за создавање на праведно и транспарентно општество.

Министерот за правда Игор Филков и амбасадорката Тигањ разменија искуства и мислења кои ќе ни помогнат во зајакнување на нашиот правен систем.
Хрватска има значајно искуство во правосудството и нивната експерстска поддршка ќе ни помагне да го забрзаме патот кон европските стандарди.

За нас, борбата против корупцијата и организираниот криминал е основа за стабилност и развој, и токму поддршката од Република Хрватска, е важна за реализација на нашите цели.

Со заеднички напори, ќе продолжиме да работиме на зајакнување на правната држава и на градење на доверба кај граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +