Centar.mk
СВЕТ

Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на Џон Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и на Мартин Лутер Кинг.

„Многу луѓе го чекаа ова долго време, со децении“, рече Трамп. „Сè ќе биде откриено“.

Претседателот побара пенкалото со кое ја потпиша наредбата да му се даде на Роберт Кенеди Јуниор, син на Роберт Кенеди, внук на Џон Ф. Кенеди.

Претседателот Џон Ф. Кенеди беше убиен 1963 година, а брат му Роберт Ф. Кенеди 1968 година, два месеца откако Кинг, најпознат борец за граѓански права, беше убиен во Мемфис.

Многу документи поврзани со истрагите беа објавени во текот на годините, иако илјадници од нив сè уште остануваат доверливи, особено оние поврзани со Џон Ф. Кенеди./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК