Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Секој електронски документ кој е изработен од државен орган може да се користи во печатена форма

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ.

“Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да ги прифаќаат документите, и второ, подготвуваме упатство за граѓаните како да си ги заштитат своите права, во случај да не можат, да знаат кој е начинот на кој што може да делуваат, дали на лице место или да го контактираат нашето министерство.” изјави Андоновски

Министерот додаде дека оваа година ќе се направи напор и да се лиценцираат определен број на инспектори, и тие да бидат дел од сектор во рамки на министерството, а доколку има потреба ќе се формира и инспекторат.

“Ќе биде потребно подолго време, што значи во текот на 2025 година ќе направиме напор да што побрзо лиценцираме определен број на инспектори. И тие да функционираат како сектор во рамки на министерството, доколку се појави потреба да нивните обврски се зголемуваат, тогаш ќе размислуваме и за посебен инспекторат, но ќе ги имаат во рамки на Министерство за дигитална трансформација сите надлежности кои што им се утврдени со новата систематизација, која што исто така стапи на сила на 1 Јануари, и веќе започнуваме со обука на кадрите.” заврши министерот Андоновски

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК