Centar.mk
СВЕТ

Најмалку 20 училишта во Унгарија евакуирани поради дојави за бомби

Најмалку 20 училишта во Унгарија денеска се евакуирани поради дојави за бомби, објави унгарскиот портал „Индекс“.

Премиерот на земјата, Виктор Орбан, изјави дека е во контакт со министерот за внатрешни работи и дека безбедноста ќе биде зголемена поради заканите, пренесува МТИ.

„Ќе ја зајакнеме безбедноста во спорните училишта и ќе ги истражиме заканите со бомби“, изјави Орбан на „Фејсбук“, пренесува „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +