Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.

Прогноза за 24.01.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 15°C

Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 25.01.2025
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 17°C

Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за 26.01.2025
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 15°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК