20. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште колку заложници останаа во Газа: израелските власти веруваат дека само 60 од нив сè уште се живи

Три израелски жени кои Хамас ги држеше како заложници во Газа се ослободени и вратени вчера во Израел, што го означи првиот чекор во договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Ослободените жени се дел од групата од 33 заложници планирани да бидат ослободени во текот на првата фаза од договорот.

Нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година резултираше со киднапирање на вкупно 251 лице. Хамас моментално држи 91 затвореник, иако израелските власти веруваат дека само 60 од нив се уште се живи.

Според соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ), за време на првата фаза од прекинот на огнот, кој е предвиден да трае 42 дена, планот е да се ослободуваат три до четири заложници секоја недела. Вчерашното ослободување на трите жени го означува почетокот на овој процес.

Претставник на Хамас за новинската агенција АФП изјави дека следната размена на заложници и затвореници ќе биде извршена во сабота на 25 јануари. Останатите заложници, според договорот, треба да бидат ослободени во текот на втората фаза од прекинот на огнот./Извор:Makfax