Centar.mk
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Канцеларијата на Нетанјаху го потврди договорот за ослободување на заложниците

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „постигнал договор за ослободување на заложниците“ кои се држат во Појасот Газа, додавајќи дека подоцна денеска е закажан состанок на кабинетот за безбедност.

„Преговарачкиот тим го информираше премиерот Бенјамин Нетанјаху дека се постигнати договори за ослободување на заложниците“, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Кабинетот на премиерот во четвртокот го обвини Хамас дека се откажал од клучните точки од договорот за да извлече отстапки во последен момент, тврдење кое Хамас го негираше.

„Премиерот нареди политичкиот и безбедносниот кабинет да се состанат (во петок). Владата потоа ќе се состане за да го одобри договорот“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Тој додаде дека се известени семејствата на заложниците и се прават подготовки за пречек.

Доколку биде одобрен од израелската влада, договорот за прекин на огнот ќе започне во недела и ќе вклучува размена на израелски заложници за палестински затвореници. Условите за траен прекин на борбите ќе бидат финализирани во подоцнежна фаза.

Договорот беше објавен во средата од посредниците Катар и САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иранската државна телевизија емитуваше закана по животот на американскиот претседател Доналд Трамп

ДЕСК

Непотврдени наводи за погубување на младиот демонстрант, САД реагираат со ново предупредување

ДЕСК

Мецола: ЕУ не смее да го чека Трамп, притисокот врз Иран мора да биде итен

C +