Centar.mk
СВЕТ

Зеленски ѝ порача на Европа дека без Украина нема шанси против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја предупреди Европа дека без Украина нема шанси против Русија.

Тој додаде дека победата на Украина е од витално значење за запирање на Кремљ пред да го нападне остатокот од Европа.

„Европа без украинската армија нема да може да се справи со руската армија бидејќи таа е бројно супериорна. Русија има повеќе оружје, повеќе луѓе и е посурова од Европејците“, изјави Зеленски за полскиот медиум „Онет“.

Зеленски рече дека западните сојузници на Украина не ја сфаќаат големината на експанзионистичките амбиции на рускиот претседател кон нордиските и балтичките земји.

„Западот не сака да ја признае единствената вистина за Русите, а тоа е дека тие ќе одат понатаму. Во тој факт се содржани одговорите на сите прашања. Зошто да не ја зајакне Украина што е можно повеќе, да го зголеми нејзиното домашно производство за вооружените сили“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +