Centar.mk
СВЕТ

Црн мраз ја парализира Германија: повеќе од 260 сообраќајни несреќи, затворени училишта и патишта

Патиштата во јужна Германија беа покриени со мраз. Само во покраината Баден-Виртемберг на југозападот на земјата се регистрирани повеќе од 260 сообраќајни несреќи, во кои две лица загинаа, а неколку се повредени.

Поради мразот, летовите од аеродромот во Штутгарт мораа да се пренасочат, а училиштата беа затворени на некои места.

Има исклучително тенок слој мраз низ кој се гледа асфалтот, а возачите тешко го забележуваат поради што го нарекуваат и црн мраз. Германската полиција предупредува на замрзнати патишта и ги советува возачите да возат бавно и предвидливо и да не запираат нагло.

Најмалку две лица загинаа утрово во Баварија. Еден човек загина кога неговиот автомобил се судри со камион на А92 во јужна Баварија, а друга смртност беше пријавена на А3 во близина на Регенсбург.

Неколку делови од автопатиштата се затворени поради временските услови, пренесува Tagesschau. Според „Дојче бан“, нема прекини во железничкиот сообраќај.

Наставата е откажана во некои училишта во Баварија, а во Саксонија на пешаците, велосипедистите и на возачите им се советува да бидат внимателни и доколку е можно да ги избегнуваат главните патишта.

Утринава, ледените услови го парализираа авиосообраќајот на аеродромот во Штутгарт, каде што мораа да ја исчистат пистата. Имаше и големи доцнења. Причина се опасните временски услови, кои веќе неколку дена доаѓаат од север и носат дожд и студ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иранската државна телевизија емитуваше закана по животот на американскиот претседател Доналд Трамп

ДЕСК

Непотврдени наводи за погубување на младиот демонстрант, САД реагираат со ново предупредување

ДЕСК

Мецола: ЕУ не смее да го чека Трамп, притисокот врз Иран мора да биде итен

C +