Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни, информира УХМР.

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см).

Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови.

Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Минималните температури ќе се движат од -6 до 3, а максималните од -4 до 4 степени целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

ДЕСК

Андоновски: Македонија рангирана во А групата за дигитален напредок според Светска банка

C +

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР: Кривични за 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага

ДЕСК