Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза, доаѓа промена на времето – Снег ќе трупа низ Македонија

Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.

Прогноза за 12.01.2025
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: -2°C до 5°C

Облачно и студено со врнежи претежно од снег, наместа пообилни. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 13.01.2025
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: -3°C до 3°C

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.01.2025
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: -2°C до 4°C

Променливо облачно и студено со сончеви поериоди.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +