Centar.mk
СВЕТ

Пензионери во Полска шверцувале дрога вредна околу 950.000 евра

Двајца пензионери се приведени во Полска откако со караван се обиделе да прошверцуваат дрога вредна четири милиони злоти (околу 950.000 евра) од Шпанија во Полска.

Според соопштението на полската полиција, тие посетиле многу места на пат низ Европа, а во еден од шпанските градови, освен разгледување и сончање, купиле и речиси 60 килограми марихуана, која ја сокриле во камп приколка, пренесува агенцијата ПАП.

Во близина на Варшава, полицијата го запрела нивното возило и по темелно пребарување, во ѕидовите на приколката пронашла вреќи со марихуана./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат

ДЕСК

Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки

C +

САД со предупредување: Американците веднаш да го напуштат Иран

C +