Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЧЕТВОРИЦА ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА: Инцидент на подрачјето на Гази Баба

На 10.10.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 32-годишник, 28-годишник и 50-годишник од една страна и друго лице од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.