Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

-Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово, соопшти СДСМ.

„Само пред неколку дена се случи хаос и на патот Тетово – Попова Шапка. Како што падна првиот снег патиштата ширум државата останаа целосно неисчистени а граѓаните се оставени сами на себе. Патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, граѓаните беа во целосна изолација.

Институциите кои ги раководи ДПМНЕ, Македонија пат и МВР целосно потфрлија, ништо не функционира, ниту снегот се чисти од патиштата, ниту полицијата превенира, ни пак го регулира сообраќајот на соодветен начин.

Владата на ДПМНЕ и Мицкоски покажува епска неспособност и ги доведува граѓаните во сериозен ризик.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +