Centar.mk
РЕГИОН

Тридневна жалост во Црна Гора за трагедијата во Цетиње

Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост за трагедијата во Цетиње, соопшти премиерот Милојко Спајиќ.

2, 3 и 4 јануари беа прогласени за Денови на жалост.

Владата на Црна Гора претходно апелираше до општините да ги откажат настапите и концертите закажани за 1 јануари.

Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на половина копје на сите згради на државните органи и зградите на органите на локалната самоуправа и јавните институции. Во согласност со Одлуката, јавните, културно-забавните програми нема да се одржуваат на јавни места, а музика нема да се емитува во угостителските објекти.

Електронските и другите медиуми се должни да ја приспособат својата програмска содржина за да го одбележат денот на жалост.

„Страшната трагедија не погоди сите. Во моментов сите полициски екипи, се што е на располагање, се во Цетиње“, изјави Спајиќ за РТЦГ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +