Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Наутро студено, преку денот сончево и тивко со мала локална облачност

Времето денеска, наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК