Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

18 лица завршиле на Токсикологија за новогодишната ноќ, најмладиот има 14 години

18 пациенти биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје поради акутно труење од алкохол на новогодишната ноќ. Најмладиот има 14 години.

Новогодишната ноќ поминала прилично мирно со помал обем на работа, оценуваат надлежните.

Според Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев на клиниката биле прегледани вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири биле женски, а 14 машки. Кај женските најмладата пациентна била на возраст од 17, а најстарата 26 години, а кај машките најмладиот пациент бил на возраст од 14, а најстариот 38 години.

Еден од пациентите измешал алкохол и таблети. Според појаснувањето на директорот, акутното труење е индивидуално и може да се случи и со две чаши алкохол./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК