Centar.mk
БИЗНИС

Вработените на ЕВН Македонија го организираа првиот донаторски Празничен базар

По повод новогодишните празници, во дирекцијата на ЕВН Македонија за прв пат се одржа донаторски базар под мотото „Да бидеме хумани“. Настанот беше по идеја, иницијатива и организација на вработените на компанијата.

На базарот му претходеше собирање на донации во материјални добра, а за време на истиот донациите ги купуваа останатите колеги. Продадени беа над 150 предмети, облека, покуќнина и лични изработки.

Паричните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Традиционално за време на новогодишните празници, ЕВН Македонија исто така донираше пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква.

Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја.

ЕВН Македонија е одговорна компанија која контуинирано вложува во проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се приклучува кон најразлични иницијативи кои ги третираат предизвиците на семејствата од ранливи категории. Компанијата во текот на годината подржува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

ДЕСК

Стабилна реализација на буџетот во првиот квартал и раст на приходната страна

ДЕСК

ДРЖАВАТА ДЕЛИ НОВА ТУРА ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ И ДО 83.000 ДЕНАРИ: Познато е кој и како може да аплицира за бесплатен клима уред

ДЕСК