Centar.mk
СВЕТ

Израел за прв пат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран летово, пишува „Тајмс оф Израел“.

На комеморацијата за локалните безбедносни службеници, Кац им се закани на Хутите во Јемен, откако бунтовничката група поддржана од Иран продолжи да врши напади врз Израел.

Кац истакна дека Израел ги поразил Хамас, Хезболах и, како што вели, ги заслепил одбранбените системи во Иран, го соборил режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и и нанел тешки удари на „оската на злото“ и жестоко ќе ja нападне „терористичката организација на Хутите“ во Јемен, последната преостаната.

„Ќе ја нападнеме стратешката инфраструктура (на Хутите) и ќе ги обезглавиме нивните лидери. Она што им го направивме на Ханија, Синвар и Насрала, во Техеран, Газа и Либан, ќе го направиме и во Ходеида и Сана“, рече Кац, мислејќи на убиените лидери на Хамас и Хезболах.

Ханија беше убиена на крајот на јули во Техеран, а Иран го обвини Израел за неговата смрт./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

C +

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

C +

Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

C +