Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

-Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби, велат од СДСМ.

„Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка.

На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.

Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК