Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нови ракетни напади врз Киев: гори главниот град на Украина

Најмалку седум лица се повредени во денешниот руски ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Во нападот беа оштетени бројни згради, соопштија локалните власти. Нападот предизвика пожари низ градот, изјави шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.

Украинската воздушна одбрана дејствува поради ракетниот напад врз Киев, објавија претходно локалните власти и воздухопловните сили.

Како што беше објавено, прогласена е воздушна тревога на целата територија на Украина поради ракетната закана, наведува украинската агенција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +