Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Врнежи од дожд во најава, ќе преминат во снег – Детална прогноза за следните 4 дена

Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Прогноза за 21.12.2024
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Претежно облачно со врнежи од дожд наместа пообилни (над 30 л/м2), а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми, а помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.

Прогноза за 22.12.2024
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Утрото студено , преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 23.12.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Претежно облачно со врнежи од дожд , а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК