Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Фатени двајца бегалци од затвор

На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР.

Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК