Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, со студено утро, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе биде пониска. Во останатите места ќе биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка. Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК