Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Груби по објавите дека ја напуштил државата: Патував во приватна посета, немојте да измислувате и шпекулирате

Поранешниот вицепремиер Артан Груби преку објава на социјалните мрежи демантира дека избегал од земјата. Како што синоќа објави на социјалните мрежи, патувал надвор од Македонија во приватна посета.

Преку објава на „Фејсбук“ поранешниот функционер на ДУИ бара од јавноста да не се изнесуваат шпекулации.

„Патував во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби.

Вчера, имаше објави дека Груби ја напуштил државата и заминал за Косово. Тој заедно со судијата Енвер Беџети беше ставени на американската црна листа по што најави дека се повлeкува од политичкиот живот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК