Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Облачно со дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во текот на следната работна седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. В понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од вторник до четврток по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, поради што и дневни температури ќе бидат пониски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК