Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Николоски – Жан Маринсеку: Фокусирани сме на развој на брз транспорт долж европската транспортна мрежа

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со Мариан – Жан Маринеску, координатор на новоформираниот транспортен коридор Западен Балкан – Источен Медитеран.

На средбата се разговараше за владините активности и проекти што се реализираат на европските транспортни коридори, со посебен акцент на коридор 8 кој е дел од новоформираниот транспортен коридор Западен Балкан – Источен Медитеран.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Владата е фокусирана на развој на сите видови транспорт долж трансевропската транспортна мрежа со што Македонија дава голем придонес во развој и промоција на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Исто така, тој ја потенцира решителноста на Владата за доизградба на железничкиот и патниот коридор 8, како и подготвеноста за изградба на брза пруга на Коридор 10 како услов за регионален развој и интеграција со пазарите на ЕУ.

“Подготвени сме за имплементација на акционите планови за изградба и модернизација на патиштата, зголемување на безбедноста на патишта, унапредување на железничкиот систем, транспортно олеснување и мултимодалноста. Во таа насока сме силно посветени на подобрување на транспортната инфраструктура и преземаме активности за изградба и рехабилитација на транспортната мрежа која е дел од основната и сеопфатна мрежа на европските транспортни коридори. Подобрувањето на поврзаноста во рамките на Западен Балкан, како и меѓу Западен Балкан и ЕУ е клучен фактор за понатамошна интеграција која ќе донесе јасни придобивки за економиите и граѓаните на регионот, како и стимулирање на економскиот раст на национално и регионално ниво”-истакна вицепремиерот Николоски.

На средбата присуствуваа и директорите на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на АД Железници Транспорт, Дејан Кошутиќ, како и заменик амбасадорот на ЕУ во Македонија, Бен Нупно.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.