Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кузеска: Скандал, сопруга на градоначалник од ДПМНЕ е избрана за член на Судски совет

Интегрален текст од одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на судскиот совет, избарана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов.

Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега.

Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело.

.

Можеби ќе ве интересира

ПИШТОЛ, МУНИЦИЈА И ПОЛИЦИСКА ОПРЕМА ВО „ГОЛФ“ – Кривични пријави против двајца браќа од беровско

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Шест лица приведени, меѓу нив и двајца турски државјани

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

ДЕСК