Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Уставен суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува исклучиво согласно уставот

-Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и конституционално втемелени, транспарентни и во согласност со Уставот на Република Северна Македонија без притисоци и политички влијанија, соопшти СДСМ.

„Остро ја осудуваме политизацијата и манипулациите со чувствителни прашања, кои имаат потенцијал да ја нарушат стабилноста на државата и да го предизвикуваат соживотот.

Оваа пракса на поттикнување тензии, како што видовме од некои политички актери, не придонесува за решавање на проблемите, туку напротив, ги продлабочува. Одговорноста за иднината на нашата држава е заедничка, и никој нема право да го злоупотребува Законот за употреба на јазиците за теснопартиски интереси.

Затоа сме со став, дека секоја измена во Законот за употреба на јазиците мора да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија. СДСМ, имено, стои на ставот дека сите законски решенија мора да бидат јасни, применливи и во согласност со европските стандарди, но и во духот на мултикултурата во Република Северна Македонија и Охридскиот Рамковен договор.

СДСМ ќе продолжи да се залага за мултикултурно, европско и демократско општество, во кое правата на сите граѓани ќе бидат максимално заштитени, а законите ќе се спроведуваат во согласност со највисоките правни и демократски стандарди.

Ги повикуваме сите политички партии да бидат конструктивни во овој процес, со цел да се одржи стабилноста и меѓуетничката доверба.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК