Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Израелската армија дојде на 25 километри од Дамаск

Армијата на Израел дојде до речиси 25 километри југозападно од Дамаск при нејзиниот упад во Сирија, соопштија сириски безбедносни извори откако Израел ја зазеде тампон-зоната на југот на земјата и изврши воздушни напади врз сириската армија и воздушните бази во текот на ноќта.

Воената операција на Израел во Сирија дојде два дена откога бунтовничката алијанса бргу го собори претседателот Башар ал-Асад и во време кога регионот и светските сили се загрижени за понатамошниот развој на настаните.

Сириски безбедносни извори изјавија дека израелските војници стигнале до Катана во Сирија, 10 километри источно од демилитаризираната зона што ја дели Голанската висорамнина окупирана од Израел од Сирија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германскиот министер по најавата за повлекување на американски трупи: Тоа беше очекувано

C +

Трамп: По Иран ќе испратиме носач пред Куба, ќе се предадат

C +

Трамп повлекува 5.000 американски војници од Германија

C +