7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Влада: Раст на БДП од 3% во третиот квартал, Македонија на врвот меѓу земјите од регионот и Европа

Владата соопшти дека македонската економија бележи раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3 проценти во третиот квартал од 2024 година, што претставува значаен напредок после седумгодишен период на економска стагнација.

Според податоците на Државниот завод за статистика, растот е забележан во месеците јули, август и септември, поставувајќи ја Македонија на врвот меѓу земјите од регионот и Европа. Во ЕУ, само пет земји членки имаат повисоки стапки на раст за истиот период, додека некои држави, како Романија (-0,3%), Естонија, Австрија и Германија, бележат негативни резултати.

„Овие бројки покажуваат дека Владата работи посветено и одговорно, реализирајќи ги ветувањата дадени пред граѓаните,“ се вели во соопштението. Владата очекува сличен позитивен тренд и во четвртиот квартал, со цел годишниот раст да се доближи до 3 проценти, надминувајќи ги предвидувањата на Светската банка од 1,8 проценти.

Овој економски напредок, според Владата, е резултат на насочени активности, како зголемување на капиталните инвестиции и привлекување странски директни инвестиции. Целта, како што се наведува, е стимулирање на економскиот развој и обезбедување стабилна основа за понатамошен раст.

„Економијата е приоритетен сегмент на нашата работа. Продолжуваме посветено,“ порачуваат од Владата, истакнувајќи дека трансформацијата на Македонија во напредна и стабилна економија останува нивен главен фокус./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК