Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со појава на магла и температура до 14 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура. Повремени врнежи од дожд, а на планините од слаб снег ќе има во вторник, особено попладне и во вечерните часови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Почина сколјанец кој го поправал тракторот и тешко се повредил

ДЕСК

17 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возила – еден предизвика сообраќајна незгода

ДЕСК

Акциска сообраќајна контрола во Скопје, санкционирани 105 возачи, 50 за возење без кацига

ДЕСК