Centar.mk
СВЕТ

Белата куќа: Ја следиме вонредната ситуација во Сирија

Американскиот претседател, Џо Бајден, и неговиот тим ги следат вонредните настани во Сирија и се во контакт со регионалните партнери, соопшти денеска Белата куќа.

„Претседателот Бајден и неговиот тим внимателно ги следат вонредните настани во Сирија и се во постојан контакт со регионалните партнери“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Соопштението уследи по веста дека сирискиот претседател Башар ал Асад се качил во авион и го напуштил Дамаск на непозната дестинација, додека бунтовниците објавија дека влегле во главниот град без никаков знак за распоредување на армијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ШПАНИЈА ПРЕД ВАЖНА ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА – Утре парламентарни избори

ДЕСК

СЗО СО НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Морбилите остануваат сериозна закана

ДЕСК

КРАЈ НА БЕЗВИЗНОТО ПАТУВАЊЕ – Турција воведува визи за граѓаните на Црна Гора

ДЕСК